ВМРОВЦИТЕ ОД КАНАДА ПРЕКУ ЗДРУЖЕНИЕТО НА БИЛ НИКОЛОВ КОЈ ТАМУ ЗАРАБОТУВА ПРЕКУ 5.000 ДОЛАРИ ПРОСЕЧНА ПЛАТА, СО ПИСМО ДО МЕДИУМИТЕ ПЛУКААТ ПО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ И ПО ПРОГРЕСОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1176

Владеење на правото, демократските принципи, човековите права и почитување на волјата на народот“ се вредностите според кои западните земји наводно се водат, но сепак тие брутално ги кршат овие вредности со процесот кој и го наметнаа на Република Македонија со цел да го сменат името, идентитетот и историјата на Македонија и на сите Македонци низ светот. Ова се однесува и на деловите на Македонија распарчени во 1913 година и поделени меѓу Србија/Југославија (сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и подоцна Албанија. Македонците нема да го толерираат бришењето на една цела етничка група со цел да се реализираат желбите на нашите угнетувачи и да се задоволат целите на западниот империјализам. Ниту една личност која тврди дека ги почитува човековите права не би смеела да го толерира ова.

Оттаму, заедницата на Македонци во Канада реши да:

– Ја осуди секоја употреба на илегалното и наметнато име „Северна Македонија“ и расистичкиот израз „Северни Македонци“ кога тие се употребуваат место Република Македонија и Македонците;
– Ја осудуваме употребата на осумкракото сонце на знамето кое беше креирано за да се задоволи нашиот најголем угнетувач – Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви, објекти и од сите македонски настани во Канада;
– Ги осудуваме сите обиди да се смени името на Македонската Православна Црква, вклучително и актуелниот обид да се избрише зборот „Македонска“ и да се замени со „Охридска Архиепископија“;
– Ги прогласуваме сите претставници на илегалниот Заевистички режим за непожелни пред заедницата на Македонците во Канада;
– Бараме итна одбрана на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет од страна на меѓународната заедница;
– Бараме сите македонски политичари веднаш да престанат со нивните отстапки пред нашите угнетувачи и
– Бараме македонските политичари да го спречат менувањето на македонското име. Нема да прифатиме ништо друго освен почит за нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја, и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување. Нашето Име е Македонија.
Во моментот на издавање, потпишани (наведени по азбучен ред):
Андон Лазов Јанев, Ќосето
Здружение на македонските деца-бегалци од егејскиот дел на Македонија
Баница добротворно здружеnие – (основано во 1911 година, Торонто)
Леринско околиско македонско културно здружение во Канада
Македонски академски совет
Македонски детски фонд за помош
Македонското меѓународно движење за човекови права
СНС Македониум – Торонто
Македонска православна црква Св. Климент Охридски, Торонто
Македонска Православна Црква Св. Димитрија Солунски, Маркам
Македонскиот православен манастир Св. Илија
Македонска Православна Црква Св. Наум, Хамилтон
Македонска православна црква Св. Недела, Ејџакс
Организација Обединети Македонци во Канада
Светски македонски конгрес – Канада
Ќе ја ажурираме растечката листа, додека македонско-канадските организации продолжуваат да се пријавуваат. Нашето име е Македонија. Ние сме обединети во одбрана на името. – стои во соопштението на Заедницата на Македонци од Канада.