ВМРОВЦИТЕ ЗНААТ ДА ОДБЕРАТ ОДЛИЧНИ КАДРИ ЗА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ ВО ПАРТИЈА: ОБВИНЕТ Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ И УШТЕ 7 ЛИЦА ЗА НЕЗАКОНСКИ АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ШВЕРЦ НА АРТЕФАКТИ

0
1374

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против осум лица за илегални археолошки истражувања за стекнување на личен профит, а еден од нив, дознава СДК, е инфектологот Вело Марковски.

Докторот во септември беше избран за член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според Обвинителството, станува збор за повеќемесечна истрага. Групата покрај ископувањето и продажбата, недозволиво се користела с сонди и детектори за пребарување.

„Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство“, соопшти ОЈО.

Иницијатори на групата биле Р. П, А. Б. и Ж. Р., а потоа на истата и се придружиле Вело Марковски и уште 4 лица. Домот на Марковски бил едно од местата каде што се криеле артефактите додека да се пронајдат купувачи.

„Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на овие локалитети и по нивно пронаоѓање, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на РС Македонија“, велат од таму.