ВМРОВКА ДО ГРОП : Каракамишева во Венецијанската комисија единствен бранител на Унгарија

0
1218

Венецијанската комисија негативно го оцени Законот на унгарската Влада со кој се воведува посебен данок од 25 отсто за сите невладини организации кои се занимаваат со имиграциони полтики. На оваа седница на Венецијанската комисија во која Македонија ја застапува професорката Тања Каракамишева, сите членови на Комисијата го поддржале негативното мислење за овој Закон, со исклучок на Каракамишева која не го дала својот глас за ова негативно мислење на правните експерти.

Венецијанската комисија во своето мислење нагласува дека данокот што го воведува унгарската Влада е исклучително контроверзен  затоа што го попречува правото на слободно изразување и правото на здружување.

Венецијанската комисија се занимава со уставни, изборни прашања, како и со прашања кои се однесуваат на функционирањето на демократските избори и дава правни совети за прилагодувањето на домашната легислатива со европската.

Членовите на Венециската комисија, советодавно тело на Советот на Европа, се избираат на предлог на министертвата за правда од редот на професорите по уставно и меѓународно право, парламентарци и државни службеници. Мандатот на членовите е четири години, со неограничено право за продолжување на мандатите

Каракамишева стана член на Венецијанската комисија на почетокот на 2016 година.