ВЛАТЧЕ ОТКРИ КАКО ИМА НАМЕРА ДА СЕ ДОКОПА ДО ВИЛАТА НА ВОДНО: Со она што го прави цела политичка кариера – ПРОДАВАЊЕ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ И ПОПУЛИСТИЧКИ М**А ЗА БУБРЕЗИ!

0
1006

Влатко Ѓорчев, номиниран како можен кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на својот профил на Фејсбук остро реагираше на планот на Владата уште од следната недела да започне со менување на името на земјата на официјалните државни табли.

„Кога ќе ги вадите таблите со “Република Македонија”, НЕ ги фрлајте. Дајте ни ги нас, ќе ги чуваме во нашите домови. Еден ден можеби повторно ќе ни требаат. Ќе ги чуваме на нашите покриви. Ќе ги чуваме во нашите подруми. Еден ден повторно ќе ја видат светлината на денот“, напиша пратеникот.

Претходно Ѓорчев со слична содржина говореше и од собраниската говорница при интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој вели дека ќе дојде време кога таблите и ознаките секаде каде што пишува Република Македонија ќе треба да се менуваат. Ѓорчев замоли старите табли да не се фрлаат и да бидат дадени на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Почитувани колеги пратеници од Владата на СДСМ, министри од редовите на Владата на Зоран Заев и СДСМ би сакал да ве замолам денот кога ќе дојде време да ја вадите таблата во ова Собрание каде што пишува Собрание на Република Македонија да не ги фрлате тие табли, дајте ни ги нас ќе ги чуваме. Ќе ги чуваме на нашите покриви, ќе ги чуваме во нашите подруми, коментираше Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ на 16 февруари треба да ги избере својот кандидат кој ќе се трка на претседателските избори во април, односно мај.