Влатко Васиљ: Заев треба да оди во Виена, НЕ ДА ПРЕГОВАРА, туку дирекно на маса до Груевски да постави дирекни барања и услови, кои се додека не се исполнат НАРОДОТ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД УЛИЦА!

0
1656

Заев треба да оди во Виена. Но, НЕ ДА ПРЕГОВАРА туку да оди и пред меѓународната заедница, дирекно на маса до Груевски да постави и достави дирекни барања и услови и истите тие да стапат на сила веднаш, без отстапки и со конретен и КРАТОК РОК за нивно исполнување: Повлечена аболиција, оставка на Иванов, одложување на изборите, експертска влада за спроведување на целосно фер и демократски избори и основање на специјален суд или специјално одделение што брзопотезно ќе ги спроведе криминалците во затвор. И се додека тие услови и барања не се исполнат, народот да не се повлекува од улица. И како лидер на најголемата опозициска партија да почне да разговара откако барањата ќе бидат во целост исполнети.

Да бидеме искрени, видовме и искусивме дека од договори со нив, тие за ништо не се придржуваат до спроведување на долг период. А и штом видат дека расте револт и гнев кај народот, одма бараат и сакаат преговори. Од протестите во мај до сега изгубивме една година, а тоа нема да си го дозволиме пак. Ја научивме лекцијата. Знам, со криминалци не се преговара и не треба да се преговара, туку само треба да им се каже што народот на улица бара и сака преку движењето #протестирам. Овој пат не треба и нема да ја напуштиме улицата се додека брзо, ефикасно и ефективно не се спроведат барањата на #протестирам!

Инаку, ГДОМ вчера се откажаа од протести ама коа ја слушнале народната „попаметниот попушта“, решиле пак да прават протест. Не ме чуди. ГДОМ му е последна шанса на Груевски да собере народ за после да се пазари со бројките пред меѓународна заедница дека сепак има некаква, изнудена поддршка од луѓето што на сила ќе бидат донесени таму. Оние што се уште имаат гордост во себе нека не бидат соучесници во неговите злодела и намери. Во четврток, нашите протести ќе бидат најмасовни и ќе му покажеме на Груевски и неговите полтрони дека сме многу повеќе, дека ние сме народот што одбрал став наместо страв.

Нема правда, нема мир!

Фејсбук стастус на Влатко Васиљ