Власта се самоубива

0
1364

Црната кампања е веќе почната. Пак како најгласни наши “спасители“ се појавуваат токму тие што не потопија. Но, ај да ги наброиме само некои од нивните “резултати“ од кои и ѓаволот може да поцрвени.

mersel-bilali

Прво, сиве овие години власта беше директен екзекутор на сега веќе неповратните стратешките проекти, особено на “Коридорот осум (К8)“ со сите негови попратни компоненти во вредност од околу осум милјарди евра. Со нивното комерцијално користење Македонија ќе станеше крстопат на Балканот и стотина милјадри евра профит. А сега од крстопат стасавме до слеп пат. Власта го опструираше и гасоводниот проект ТАП (Trans Adriatic Pipeline) од кој милоини нможевме да профитираме. Се нафативме за “Јужен тек“ кој се знаеше дека ќе биде мртов проект. Во меѓувреме, ваквата наша лоша игра, многу добро беше искористено од Грците кои многу работеле на нивната “Виа Игнатиа“, со што милјрардите премина кај нив. И сега со право кажуваат дека Груевски заслужува огромен споменик во сред Атина. Дури во иднина и да се гради К8, тешко дека ќе биде рентабилен. Сега е сосема јасно дека кај нашата власт неодговорноста нема граници. Се што е направено не е повеќе од смрдливо мочурипте.

Второ, проектот “Скопје 2014“ стана мизерија за луѓето, ама златен рудник за водачите. Тој е пример на историски грабеж и масовна пералница. Изгледа целта на овај проект била да се провоцираат Грците за да ни ставаат блокади, а со тоа грабежот да остане невидлив од странскиот мониторинг. Направивме држава рај за на мртвите споменици, а пекол за живите луѓе. Од овај монструм со векови ќе ни останаат многу помени. Ќе ни остане – “Портата на екзодусот“, за да не потсети на масовното иселување на највиталниот дел од населениоето, кому насекаде им е подобро отколку во нивната татковина. Ќе ни остане “Воин на коњ“ за да не потсети што толку магариња се качиле на коњ. Ќе ни остане “Музеј на МВРО“ кој на нашите потомци со векови ќе им служи како “Ѕид на плачот“ во Јерусалем. Ќе ни остане “Ќосето со ножот“ –  како ја коле Јустиција! Ќе ни остане “Фонтаната“ – за д а се потсетиме на општ потоп од билбиски рамери. И ќе ни останаат “Бродовите на суво“ – за да видат дека во едно време нашиот бродови тонеа на суво.

Трето, тесната поврзаност со организираниот криминал од астрономски размери направи група луѓе да не знаат што со парите, а цел народ да не знае што со себе. Кога се има предвид големината на државата, овдешниот криминал е на самиот светски врв. Веројатно во блиска иднина тука ќе дојдат врвни експерти за да простудираат како е можн во ваква мала држава толкав голем криминал. Според повеќе релевантни светски анализи, за десет години од лужето се украдени пет нилјарди евра (види, Global Financial Integrity), а индиректно криминалот е десет пати повеќе.

Чeврто, тоталната партизација и пресонализација на институциите државата ја претвори во приватна сопственост на група луѓе. Цело време институциите се полнеле со празни луѓе, на кои единствен талент им била лепење плакати. Стадо коњи беа предводени од обично магаре. Тоа го уривал слободниот пазар, економијата, земјоделството, образованието, културата, здравството и што не. Министерот видеохирург цело време го фали здравството, а “Europe’s Health Care Services“, не рангира на последно место. Ставревски го фали “Дуин бизнис“, а третина од населението живее во голе мизерија. Груевски го фали “динамичен развој“, а важни индикатори покажуваат дека сме сместени во друштво на десет најслаби економии во светот. Продолжуваат да се фалат со временската прогноза, со сонцето и дождот. Нема да се чудиме ако утре ни кажуваат дека тоа што дишеме и што сме живи – власта е заслужна. Сител и Канал 5 тоа добро знаат да го прават. И кога ќее пушти Груевски некој селски клозет, нивните новинари одма ќе трчат да кажаат колку граѓаните се задоволни од клозетот.

Петто, свесно ги труеле младите со национализам, за да се одржуваат на власт со никави резултати и сотони зло. Груевки и Ахмети пред луѓето се продавале како непријатели, а всушност биле големи побратими, ако не и Сијамски близнаци. Ги скарале комшиите за да делат братски. Сега ДУИ е толку загрижена за ВМРО, што дури предлага со закон да се штити. Крвнички сака да го дотурка законот за забрана на бомбите. Не им пречат ни епитетите – “Индијанци“, Шиптари“, “Дивјаци“, “Неписмени“ и што не! Кога се во прашање парите и ѓаволот може да ни стане брат.

Шесто, Се инсценирал Куманово како класичен пример на болен ум. Нечии џепови се над сечии животи! Се убивало, се уривало, ужаси и трауми и пак се “патриоти“. Многу невини завршија како топовско месо, а нив топ не ги мрда. Многу брзо и “Монструм“ ќе покаже кои се тие монструми што институциите ги натерале да казнуваат невини а да штитат виновни. Тогаш многумина ке разберат дека ништо нема поопасно од расипана совест.

Седмо, уништување на внатрешниот бизнис за да спечалат шака луѓе. Ги газеле овдешните фирми а со грди милиони субвенционирале туѓи фирми. Веројатно не само поради симпатии кон нив, понајмалку за некаква стратегија за инвестиции.

Овие луѓе треба да се збогуваат од политиката пред што таа не се збогувала со нив на многу непријатен начин. Тие тешко сфаќаат дека секое задоцнување значии нова и поскапа тарифа. Тие не можата да разберат дека нема веќе да бидат власт. Не сфаќаат дека поблиску им е Шутка отколку Илинденска. Крајот го гледаат и тие што немаат очи, а го слушаат и тие што немаат уши. Настојувајќи да ја сочуваат власта го загубија разумот, моралот и се друго. Сакале со арамилак да влезат во историјата а завршија во зоологијата. Гледаме дека многу полесно се станува владател отколку човек! Тонат, а со нив и нивните партии кои утре веќе ќе нема кој да ги спаси.

Мерсел Билали