Власта предизборно манипулира со рударите од Тораница и Добрево

0
993
Пресконференција на Борјанчо Мицевски
Претседател на ОО СДСМ – Крива Паланка
Почитувани,
 Откако повеќе од 1.000 рудари останаа без работа, без егзистенција и без надеж заради
стечајот на рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница, Никола Груевски и ВМРО-
ДПМНЕ сега повторно се обидуваат предизборно да ги манипулираат.
На целата мака што ја имат рударите, ВМРО-ДПМНЕ предизборно ги лаже рударите дека
наводно ќе им се решел проблемот.

Основано рударите веќе не им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и се сомневаат дека нивниот
проблем е решен, туку дека поради изборите никој не ја соопштува вистината.
Причината што многу рудари заминуваат од Македонија и парче леб бараат во Србија е
недовербата во ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Според информациите од рударите, зад фирмата којашто наводно се јавува како купувач
на рудниците, стои фирма од Бугарија директно поврзана со Никола Груевски.
Што се крие зад поврзаноста на Никола Груевски со Балканска банка и компанијата
којашто била доминантен сопственик на оваа фирма?
Дали намерно се отстранети другите компании од јавното наддавање, со цел да биде
намалена конкуренцијата и се постигне пониска цена?
Дали зделката е склучена само за да се манипулираат рударите до изборите?
ВМРО-ДПМНЕ е должна да одговори на овие прашања.
Рударите се револтирани и со право реагираат. Тие не сакаат лажни, нереални и
времени решенија туку вистинско решавање на нивниот проблем.
Јавноста и рударите ги очекуваат одговорите на овие прашања.