ВЛАДИНИ ИЗВОРИ ЗА КАНАЛ 5 : ФИРМИТЕ НА МИЦКОСКИ НЕ ЈА ЗАВРШИЛЕ РАБОТАТА ЗА НАБАВКА НА ГАС

0
973

За два до три дена ќе се знае од каде и по која цена Владата ќе набави природен гас од први ноември, брифираат владини извори…

Информираат дека има две фирми кои доставиле сериозни понуди, без да откријат подетални информации.

Она што откриваат владини извори за Канал 5 е дека не станува збор за фирмите кои како контакт ги посочи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

“Пегео” е името на швајцарската фирма со која министерот Бектеши преговараше во Белград, по препорака на Мицкоски, но конкретна понуда досега не доставиле, брифираат владини извори.