ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ СО ШОКАНТЕН ГОВОР ВО ЦРКВА ВО ВЕЛЕС: ВЛАДАТА ДА СИ ОДИ, ГРУЈО ДА СЕ ВРАТИ, ВМРО-ДПМНЕ ДО ГРОП!!!

0
16721

Во сво­е­то пос­ла­ние по по­вод осве­ту­ва­ње­то на цр­ква­та „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“ во Ве­лес, вла­ди­ка­та Ага­тан­гел се освр­ну­ва на бор­ба­та за пра­во­то на сопс­твен на­ци­о­на­лен и цр­ко­вен иден­ти­тет, за пра­во­то на сопс­тве­на кул­ту­ра и ду­хов­но раз­ви­ва­ње.

„Дој­де­но е вре­ме ко­га по­втор­но ги пре­жи­ву­ва­ме не­сре­ќи­те од на­ша­та исто­ри­ја. За жал, де­нес по­втор­но ца­ру­ва­ат нес­ло­га­та, омра­за­та, ци­низ­мот и не­до­раз­би­ра­ње­то ме­ѓу ма­ке­дон­ски­от на­род, а та­ква­та со­стој­ба ве­што ја ко­ри­стат не­при­ја­те­ли­те на оваа зем­ја, но и до­маш­ни­те опор­ту­ни­сти, наг­ла­су­ва вла­ди­ка­та.

Тој пре­ду­пре­ду­ва и де­ка ка­ко ге­не­ра­ци­ја сме на ра­бот да го пре­да­де­ме и по­га­зи­ме се­то она што со мно­гу труд, отка­жу­ва­ње и жр­тва го спе­ча­ли­ле на­ши­те слав­ни и хра­бри ве­ли­ка­ни. За грст сре­бре­ни­ци и кра­тко­трај­ни ово­зем­ни бла­га, не­кои се под­го­тве­ни да ги уни­штат, нич­ко­са­ат и по­га­зат нај­све­ти­те и нај­вред­ни на­род­ни при­до­би­вки и обе­леж­ја, кои од пам­ти­век нѐ ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат и иден­ти­фи­ку­ва­ат ка­ко ма­ке­дон­ски на­род.

Др­жа­ва­та ни ја пре­тво­ри­ја во ва­зал и слу­жи­тел­ка на ту­ѓи ин­те­ре­си.
——–
Ма­ке­до­не­цот и ма­ке­дон­ски­те пра­ва не са­мо што не се за­шти­те­ни ту­ку и се ис­ме­ва­ат и го по­ни­жу­ва­ат се­кој што јав­но ќе се ос­ме­ли да збо­ру­ва за нив.
——–
За обич­на мин­ли­ва власт или за кра­тко­роч­ни ин­те­ре­си, без тро­шка со­вест, га­зат врз хра­бри­те иде­а­ли на на­ши­те пред­ци и пр­вен­ци во бор­ба­та за на­ци­о­нал­на сло­бо­да и са­мо­бит­ност. Ова го спро­ве­ду­ва­ат и лу­ѓе од вла­ста, но и од опо­зи­ци­ја­та. И ле­ви и дес­ни. Ним им се при­до­да­ва­ат и лу­ѓе од цр­ква­та, зат­скри­вај­ќи се и ко­ри­стеј­ќи го неј­зи­ни­от авто­ри­тет, ма­ко­трп­но гра­ден ил­јад­ни­ци го­ди­ни. Но се ла­жат ако мис­лат де­ка нѐ над­му­дри­ле, пре­ве­зу­вај­ќи нѐ жед­ни пре­ку ре­ка, наг­ла­су­ва вла­ди­ка­та Агатангел.