ВЛАДЕ МИЛЧИН МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ЗАЕВ: ГИ СВРТЕ СИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ВО КОМИЧЕН ЕДНОСТРАН ТЕКСТ МУ СЕ ЗАБРАНУВА НА ПРЕМИЕРОТ ДА СЕ БРАНИ ОД КЛЕВЕТИТЕ НА ГЕРО!

0
1840

Владе Милчин му објави војна на премиерот! Во комичен едностран текст му се забранува на премиерот да се брани од клеветите на новинарот Геровски кој со навреди пишува за владата и го нарече премиерот Зоки Муртичи а вице премиерката Рада Медичи, додека специјалната обвинителка доби прекар Катица Прасичи?!?! За тие испади на Геровски, нема реакција?!

Еве го катиљ ферманот спремен од Сорос Фондацијата и потпишан од дузина невладини кои се сите на платен список на Сорос Фондација и ќе потпишат се што ќе им нареди Владе Милчин:

 

Граѓанските организации реагираат на скандалозната изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев Ние долупотпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување.

Изјавата на Премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални.

Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење. Системот на вредности кој сакаме да го негуваме во Република Северна Македонија како идна членка на НАТО и ЕУ, во ниту еден случај не дозволува ваков дискурс кој ги доведува во прашање безбедноста на граѓаните и слободата на изразување.

1. Фондација Отворено општество – Македонија

2. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права

3. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

4. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

5. Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија

6. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје 7. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

8. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје

9. Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница-РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП)

10. Центар за современи уметности – Скопје

11. Рурална Коалициjа

12. НВО Инфоцентар

13. Здружение Национален Ромски Центар 14. Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 15. Коалиција “Сите за правично судење” 16. Здружение за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска Скопје

17. Институт за човекови права

18. НВО КХАМ – Делчево

19. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените –ЕСЕ

20. Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје

21. Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и критички практики, Искра Гешоска, Претседателка

22. МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество

23. Македонско здружение на млади правници

24. ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје

25. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје

26. Институт за демократија ИДСЦС

27. Реактор – Истражување во акција