ВЛАДЕЈАЧКАТА СДСМ ДОБИ НОВ ЛИДЕР, ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ Е ОФИЦИЈАЛНО НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА

0
1301

Димитар Ковачевски и официјално е новиот лидер на Социјалдемократскиот сојуз, соопшти вечерва Централната изборна комисија на партијата.

Тој убедливо ги победи своите противкандидати, Јован Деспотовски и Фросина Ременски.

Според податоците од Комисијата, своето право на глас денеска го оствариле 44.406 членови на партијата или 86,5 отсто од регистрираните.

Притоа, Ковачевски освоил 37.649 гласа, Деспотовски 3.319 гласови, а Ременски 2.836.