ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПЛАТИ ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА НА ДРЖАВНИТЕ И ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

0
429

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека ќе се плати долгот за електрична енергија кон ЕВН на одредени државни и јавни институции како Клиничкиот центар, судовите, затворите. -Долгот ќе се плати.

Тоа се буџетски организации кои што заради зголемената цена на струјата, која е десет пати зголемена. Владата направи прераспределба на финансиски средства и доставени до Собранието со цел да се овозможи непречено функционирање на овие институции, рече кратко премиерот како одговор на новинарско прашање.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.