Владата ја прифати оставката на Ден Дончев, поднесена од здравствено – семејни причини

0
909

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев поднесе оставка и ја достави до Владата.

Во моментов Владата одржува седница и ја констатираше неговата оставка. Тој функцијата ја напушта поради „приватни семејни причини“, потврдија за МИА од Владата.

Дончев беше назначен за директор на Фондот во август 2017 година.