Владата ја поништи одлуката за изградба на крст во Бутел, значи крстот ќе го нема, а орелот ќе остани, ПУ ЕБАТИ ПАТРИОТИТЕ!

0
1498

Владата вечерва на седница донесе одлука со која се анулира одлуката на Советот на општина Бутел за изградба на крст на кружниот тек на влезот во општината. OБСЕ посредува во надминување на проблемите.

Владата на итна седница вечерва одлучи да се поништи одлуката која Советот на општината ја имаше донесено за изградба на метален православен крст. Како што јави порталот на албански јазик „Албеу“ а пренесе МКД.мк, македонската влада реши да ја донесе ваквата одлука поради категоричното противење на ДУИ за изградба на ваков верски симбол во мултиетничата општина.

Вечерва потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, додека се демонтираа шаторите, рече дека е добиено уверување дека ОБСЕ ќе посредува во надминување на проблемите.

Претходно, пред седницата на Владата, вечерва и претходеше прес конференцијата на ДУИ во близината на местото каде во саботата започна изградбата на крстот, на која Меџити соопшти дека протестите се прекинуваат поради верскиот празник Задушница, со напомена дека ДУИ инсистира на преговори за воведувањето на Бадинтер при носењето на вакви одлуки и тоа, како во општината Бутел, така и во целата земја.