Владата на СДСМ исплати 222 милиони денари субвенции за млеко, низ конкретни мерки покажуваме што значи вистинска грижа за земјоделците

0
1002

Политиките на СДСМ во земјоделството се конкретен пример за вистинска грижа кон земјоделците.

Во само еден ден исплатени се 222 милиони денари кон 7.877 фармери за предадено млеко.

Тоа се субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено во преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018  година.

Со оваа исплата, се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и субвенции за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.

Досега, Владата предводена од СДСМ исплати вкупно 331 милиони евра финансиска поддршка во агро секторот, без селекција, транспарентно, кон сите земјоделци кои исполнуваат услови за финансиска поддршка.

Реформите во земјоделството се на прав пат. Продолжуваме со реализација на мерките кои обезбедуваат модернизација и развој на земјоделството и  повеќе пари кон земјоделците.