ВЛАДАТА МУ ГО ОДЗЕДЕ СТАТУСОТ ПОЧЕСЕН РУСКИ КОНЗУЛ НА БИЗНИСМЕНОТ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО

0
755

Самсоненко остана без конзулска титула, но му остануваат уддели и акции

Со одлука на Влада, поранешниот почесен конзул на Руската Федерација во Битола веќе го нема овој статус, велат од МНР за Фокус, без да ги наведат причините зошто на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој поседува повеќе фирми во земјава, пред 3 месеци му ја одзеле согласноста, со што тој ги губи привилегиите што произлегуваат од оваа титула.

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко веќе неколку месеци има статус на обичен граѓанин во Македонија, откако Владата во мај годинава му ја одзела согласноста да биде почесен конзул на Руската Федерација со седиште во Битола.

Пред две седмици, во јавноста беше објавена изјава на висок функционер на руското Министерство за надворешни работи дека Скопје ја повлекло согласноста за формирање на канцеларија на почесен конзулат на Русија во Битола, но всушност станувало збор за одлука за затворање на постоечкиот почесен конзулат.

–Властите во Скопје не ги наведоа причините за овој потег – изјави заменик-портпаролот на руското МНР, Иван Нечајев, додавајќи дека се работи за уште една политичка одлука, која, според него, ќе го продлабочи јазот меѓу двете држави.