ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА КОМПАНИИТЕ КОИ ЗЕЛЕ ПАРИ ОД ШЕСТИОТ ПАКЕТ АНТИ КРИЗНИ МЕРКИ ДА ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ АКО НЕ УСПЕАЛЕ ДА ГИ ИСПОЛНАТ РАБОТИТЕ НА КОИ СЕ ОБВРЗАЛЕ

0
1067

Известување за процедурата за враќање на финансиските средства за поддршка на компаниите кои не го исполниле условот со шестиот пакет антикризни мерки на Владата на Република Северна Македонија

Со ова известување се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20% од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50% од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка:

Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
Трансакциска сметка: 100000000063095
Трезорска сметка : 630010001963019
Приходно конто: 725939 програма 00
Во цел на дознака: Враќање на раздел 04001 во буџет мината година.

Ги информираме корисниците на оваа финансиска поддршка да ги подмират своите обврски најкасно до рокот за поднесување на завршна сметка за 2021 година.