Владата ги закажа предвремените парламентарни избори за 5 јули!

0
1242

На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги превземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела.

За оваа одлука гласале сите членови на владата со исклучок на техничкот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување, согласно 0ваа одлука изборите ќе се одржат на 5 јули.

Високи претсавници на владата како и раковотсвото на владеачката СДСМ веќе соопштија дека не гледаат причина за продолжување на вонредната состојба.

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денска од говорницата на партиското седиште порачуваат дека не е време да се разговара за избори . И порачаа на СДСМ дека и денешните бројки на новоинфицирани од Ковид 19 не дозволуваат лагодност за да се дискутира и оди на избори по секоја цена .