ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МАРИЧИЌ ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

0
361

Заменик претседателот на Владата продолжува со поддршка на социјално ранливите и маргинализирани групи, кои сакаат да направат позитивна промена преку работен ангажман.

Денес на иницијатива на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Секретаријатот за европски прашања на гости со списанието „Лице в лице“ дојде продавачот Кристијан Марковски – Кико. Целта на иницијативата е да се земе учество во поддршката на ваквиот вид социјално претприемништво и да се поддржи интеграцијата на лицата од маргинализираните и ранливи групи на општеството.

– Нашето дружење продолжува, а јас и моите колеги во Секретаријатот имавме можност да си купиме примерок од списанието и со тоа да го поддржиме овој модел на социјално претприемништво, вели вицепремиерот Маричиќ.

Според Маричиќ инклузивноста на маргинализираните и ранливите групи во општеството е европска вредност која треба ја споделуваме и ние. Давањето поддршка на ранливите групи, особено за нивното економско зајакнување и овозможување достоинствен живот за нив е наша должност. Секој чекор кон нивна поддршка е чекор напред за општеството, смета Маричиќ.