ВИСТИСКА ТРАГЕДИЈА ВО ЃОРЧЕ И АПЕЛ ЗА ПОМОШ!

0
1139

Институциите на системот во соработка со општина Ѓорче Петров ги преземаат сите неопходни активности со цел да се санира штетата која е настаната со опожарувањето на семејната куќа и да му се пружи сета неопходна помош на семејството Наумовски.
Во соработка со приватна фирма обезбедивме привремено сместување за семејството во стан со времетраење од најмалку една година. На семејството ќе му бидат исплатени 100.000 денари од општината. Истата сума ја обезбеди и Град Скопје, од кои дел се за постоперативен зафат за Дејан.
Сите системски мерки кои ги воспостави Владата се преземени и од Меѓуопштинскиот центар за социјани работи-Скопје. Стручни лица веднаш излегоа на терен. По направениот увид и согласно правилникот на ЕПП доделена е еднократна парична помош во висина од 30.000 денари.
Да му помогнеме на семејството Наумовски да застане на здрави нозе. Бидете хумани и донирајте!