ВИСТИНСКИ НАРОДЕН ЧОВЕК – ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА КАКО ПРЕМИЕР КОЈ ИМ КРЕВА СЛУШАЛКА НА СИТЕ, ЗА РАЗЛИКА ОД НЕГО НОВИНАРИТЕ 1 МЕСЕЦ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ДО ДАНЕЛА АРСОВСКА

0
1166

За новинарите е научна фантастика да ја добијат градоначалничката лично на телефон за да прашаат нешто што ги интересира, или да закажат некаква средба со неа. Однесувањето на Арсовска и нејзиниот гард кон новинарите особено зачудува во околности во кои новинарите може многу полесно да дојдат до премиерот, отколку до новата градоначалничка.

Премиерот и лидер на СДСМ во оставка, Зоран Заев, по неговото заминување од владата и раководното место на партијата, ќе остане запаметен како еден од ретките премиери на политичар, со кого секој може да стапи во контакт, а особено новинарите.

Пред вториот круг од локалните избори, Заев им даде и директива на сите свои градоначалници, министри и директори да одговорат на секој проблем и поплака на граѓаните.

–Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер, ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите, рече Заев на еден од партиските собири.

Речиси сите новинари што ги прашавме за транспарентноста на политичарите, го издвоија токму Заев како политичар, кој е најдостапен за комуникација.

–Во последните години, политиката и политичарите во Македонија станаа подостапни за новинарите од кога било пред тоа. Несомнено, најголемата заслуга за тоа ја има премиерот Заев, кој неуморно одговара на безброј прашања од новинарите, без одлагања и во директна комуникација. Имам колеги кои со него разменуваат и по десетина пораки дневно, вели долгогодишниот новинар Сашо Орданоски, кој со години ги следи најважните политички случувања.

Целата анализа на Фокус.МК ОВДЕ