ВИСТИНСКИТЕ ВМРОВЦИ РЕВОЛТИРАНИ ОД ДПМНЕ-ТЕНДЕРСКА, ВМРО-ДПМНЕ во паника, членството бега

0
4419

vmro d

Почитуван господине Љупчо Палевски, гледам објавувате за тоа што се случува актуелно на политичка сцена, па ете и од мене една информација:
Јас сум долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ од населбата Ново Лисиче. Како сите стари активисти и јас бев од тие што бевме заборавени со години иако се знае дека Лисичани се столбот на партијата. Ама, Партијата ја немаше никаде за нас, ни ги затвараа вратите, не бркаа, немаа слух за нашите барања и проблеми. Но гледај чудо! Одеднаш почнаа тие нас да не бараат под дрво и камен.

Пред неколку дена добив телефонски повик од мојот МК на кој претседателот ме информира дека имаат насоки од раководството, лично Премиерот наредил да се јавува телефонски по членството, ама посебно старите членови. Влијателни биле, сме им требале! Порано не бараа само за ден на гласање, дали сме излегле. Ова е прв пат некој од Партија да ни се јавува кога нема избори. Ни зборуваат колку сега било важно да се победи, колку СДСМ биле опасни ако дојдат на власт и други работи. Ама ни зборуваат и колку ние старите членови сме биле важни за Партијата, дека сите очи биле вперани во нас, дека ако излезат на терен старите членови и другите ќе биле тука.

Не им веруваме! Каде беа 9 години? Еј девет години власт? И најважно, тие што се јавуваат по МК не прашуваат што нас старите членови ни треба? Наводно ќе помагале сега, сите грешки ќе ни ги исправиле. После 9 години што ни треба прашуваат? А сите години на власт на наши плеќи ги поминаа, пари се наполнија. Сега кога доаѓа крајот се сетија на нас. Џабе им е. Нас одамна не загубија, сега нека им трчат новодојденците кои влегоа во Партија само за пари. Го слушам пред некој ден мојот претседател на ОК како ми се жали дека членството веќе ја избегнува Партијата. Одбиваат да ги видат по состаноци и штабови. Се жали Претседателот на комитет дека празен му седел штабот. И точно е! Поминувам катаден пред нашиот Штаб и кутриот претседател седи сам. Нема луѓе. Не влегувам веќе ни јас. Кога им требаа гласови, не бараат и одма не забораваат. Сега јас нив ги заборавам. Книшката не ја враќам, си ја носам, еден ден ќе си ја вратиме партијата. И така додека поминувам низ празното штабче, некако и убаво ми е на душичката. Изгледа почна бродот да тоне и глувците бегаат.

Тоа се истите глувци кои се правеа поголеми ВМРО и од нас старите членови. Сега нека бегаат и нека ни ја остават партијата. И уште ќе ме прашува Претседателот на комитетот мој што ми требало!?? Мене како стар член на ВМРО-ДПМНЕ ми треба почитување, гордост, внимание, уважување. Е тоа ни го земавте! Е сега снаоѓајте се на крајот. Кога лапавте пари не не викавте, сега нема да ви ги спасуваме маките. Ти благодарам господине Љупчо Палевски ако го објавиш ова обраќање, да знаат дека членството бега и нема веќе кој да трча за избори. Може ќе нудат се и сешто, ама за нас враќање нема. Можеби во некои други времиња, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе стане партијата што си ја знаевме и си ја сакавме, ама и се почитувавме и сакавме ко браќа. Тие тоа не можат да го разберат зашто само пари и власт ги интересира.

Респект