ВИНОВНИ СЕ : СУДОТ ГИ ОСУДИ ГРУЈО, МИЛЕ, ТРАЈКО, СПИРЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА 27-МИ АПРИЛ СО ВКУПНО 25 ГОДИНИ ЗАТВОР

0
1244

Вкупно 25 години затвор добија четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“. Судијата во Кривичниот суд Скопје, Илија Трпков, објави дека доказите покажуваат дека сите осомничени се и виновни за кривичното дело од член 313 од Кривичниот закон – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Иако делото предвидува затворска казна од најмалку 10 години, судечкиот совет ги зел предвид и отежнувачките и олеснителните околности, па досуди значително пониски казни од минималните кои ги предвидува Кривичниот законик. Во казната на сите осудени ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор:

  • Трајко Вељановски – пресудена му е казна затвор од 6 години и 6 месеци;
  • Спиро Ристовски – пресудена му е казна затвор од 6 години и 3 месеци;
  • Миле Јанакиески – пресудена му е казна затвор од 6 години и 3 месеци;
  • Владимир Атанасовски – пресудена му е казна затвор од 6 години.

Во овој предмет беа обвинети уште две лица – поранешниот премиер Никола Груевски и оперативецот од УБК, Никола Бошковски. Бидејќи тие не се достапни за правдата, против нив не се водеше постапка.

Пред да ги прочита казните, судијата Трпков имаше образложение на пресудата кое го читаше околу 45 минути. Во него објасни дека иако партијата ВМРО-ДПМНЕ и обвинетите тврделе дека немаат никаква врска со организирањето на протестите кои кулмираа со упадот во Собранието на 27 април, доказите го покажале спротивното.

Конкретно, Трајко Вељановски, како претседател на Собранието, бил во постојана комуникација со Никола Груевски. Со намера го одложувал изборот на нов претседател на Собранието, односно спречувал мирно примопредавање на власта. Спиро Ристовки и Миле Јанакиески, пак, активно учествувале во органзирањето на протестите кои во јавноста беа претставувани како граѓански. Врбувале спортисти, актери и други јавни личности за да се појавуваат и да говорат на протестите и директно учествувале во координирање на детали, како рути на протест, време на оддржување на протести и слично. Улогата на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК, била да ги координира патриотските здруженија и да се грижи да нема доволно полиција пред и во парламентот.