Викторија Нуланд го посети прифатниот центар за бегалци во Гевгелија

0
931

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, денеска во прифатниот центар „Винојуг“ се сретна со помошник секретарот за европски и за евроазиски прашања на Стејт департментот на САД, Викторија Нуланд. Таа го посети центарот за да се запознае непосредно со предизвиците со кои се соочуваат македонските власти и со условите во кои престојуваат мигрантите.

На состанокот се разговарало за актуелната состојба со мигрантската криза, идни решенија за избегнување на тензичните ситуации на границите долж балканската рута, регистрацијата на мигрантите, можните начини за понатамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови на сите засегнати земји од мигрантската криза. Исто така, се разговарало и за хуманитарниот аспект на мигрантската криза.

„На состанокот беше изјавено дека САД ги поздравуват напорите за решавање на мигрантската криза и продолжуваат да ги охрабруваат координираните и целосните решенија кои се фокусирани на почитување на човековите права на мигрантите, како и на промовирање на правилни и хумани миграциски политики“, стои во соопштението од МВР.