ВИКААТ ЛИСТ ХАРТИЈА И ДИПЛОМА ТРПИ СЕ ПА ДУРИ И ВАКВИ ЗЕЛКИ БЕЛИМБЕГОВСКИ КОИ СЕ ПОНАШААТ КАКО ДА ГИ ПРАВЕЛЕ ВО ГАЗОТ НА ГРУЕВСКИ НА ТОА ГРУПИРОВКАТА КАЈ СЕЈШЕЛИТЕ : Шефицата на катедрата за македонски јазик демантира дека катедрата ке се укине-председателот на МАНУ манипулирал

0
959

Коцарев во својата изјава кажува тешки зборови кои не ги поткрепува со ниту еден каков било доказ, истовремено не посочува ниту една институција, а не пак лице кое евентуално би се зафатило со укинување на Катедрата за македонски јазик, вели рaководителката на Катедрата, Искра Пановска – Димкова

Претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев во јавноста изнесе тврдења дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност. Но, раководителката на Катедрата по македонски јазик, Искра Пановска – Димкова го демантира и вели дека нема таква реформа во најава и никој не би се дрзнал да чепне во интегритетот на Катедрата за македонски јазик.

Коцарев по повод усвојувањето на националната програма за релизација на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, пишува дека МАНУ ги поддржува активностите со чествувањето на Конески, но тврдењата за укинување на Катедрата по македонски јазик не ги поткрепува со докази, ниту пак даде подетално објаснување околу дилемата што ја изнесува во јавноста.

„Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, што го знаат подобро поупатените од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност. Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам“,пишува Коцарев.

Пановска – Димкова вели дека ова се опасни манипулации и измислици, што за жал се пласираат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

„Имено, претседателот на МАНУ во својата изјава кажува тешки зборови кои не ги поткрепува со ниту еден каков било доказ, истовремено не посочува ниту една институција, а не пак лице кое евентуално би се зафатило со укинување на Катедрата за македонски јазик. Категорично тврдам дека досега од ниту едно место до мене како раководител на Катедрата за македонски јазик, не допреле какви било ‘гласини’ дека такво нешто се подготвува од некаде. Во целост сум убедена дека Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ никогаш не би завлегол во некоја таква реформа“,вели Пановска – Димкова.

Таа побара од членовите на МАНУ, како највисока академска институција, да се оградaт од ставовите на претседателoт на Коцарев.

„Истовремено ја уверувам македонската јавност дека до колку некој поединец или институција би се дрзнале да чепнат во интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се бориме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини“, додава Пановска – Димкова.

Коцарев, сè уште ѝ нема појаснето на јавноста за овие негови тврдења.

Во петокот, на 26 февруари, на иницијатива на жефот на државата, Стево Пендаровски, се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот Пендаровски, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука.