(ВИДО) Револтирани бидејќи никој не го собирал отпадот од поплавата, жители на Сингелиќ го запалија

0
1429

Помина една недела од поплавите, како што велат жителите, а оштетениот инвентар сè уште e пред нивните врати.

Жителите на оваа населба кои ги посети екипата на ТВ21 велат дека побарале од надлежните да го отстранат оштетениот инвентар пред нивните домови. Дури откако ги запалиле, дошле екипи за да ги соберат.

„Бидејќи досега не се појавија екипите за собриање на отпадот ние го запаливме. Сега веќе е дојден еден камион и два багера. Но што можат тие да прават со само три возила? Утрово рекоа дека ќе испратат 3 камиони, но само еден е дојден“, рече Исмет Авдиу од Синѓелиќ.

Како што дознаваме од жителите само во овој дел од населбата има над 100 поплавени куќи.