(ВИДЕО) ЌУМУР ЦРНИ ДЕНОВИ ИДАТ ЗА БОРДЕЛ СТУДИОТО НА ,,КАНАЛ ВИЗИЈА” – ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКИ ЈКП ,,ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” ГИ ИСКАРА КУРТОНИТЕ : ,,Канал Визија” бесрамно ги лаже жителите од ромската населба ,,Тризла” и со ЛАГИ шири верска омраза!!!

0
2156

Демант на ЈКП „Водовод и канализација“ на објавен прилог на ТВ „Канал Визија“ на 25.01.2018. во информативните емисии на медиумот и на Фејсбук страницата на медиумот:

В.д. директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески категорично ги демантира наводите од овој медиум, „ 400 СЕМЕЈСТВА ОД РОМСКАТА НАСЕЛБА ТРИЗЛА ЌЕ БИДАТ ТУЖЕНИ ИЛИ ИСКЛУЧЕНИ ПОРАДИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЗА ВОДА.“, објавени во телевизија „Канал визија“.

Во ниту еден момент од прес конференцијата што ја држеше директорот Јанески во просториите на ЈКП „Водовод и канализација“ на 25.01.2018г, тој не изјави дека домаќинствата од населбата „Тризла“ ќе бидат исклучувани од водоводната мрежа.

Обидот на телевизијата „Канал визија“ да ги спинува фактите е тенденциозен и злонамерен, со цел да предизвика незадоволство и револт кај граѓаните од населата „Тризла“.

Доколку ЈКП „Водовод и канализација“ и досега ги исклучуваше корисниците од водоводната мрежа за неплатен долг, сигурно дека и телевизија „Канал визија“ ќе беше на листата исклучени, зашто според нашата евиденција, овој медиум, има околу 20 неплатени сметки.

Тоа уште подобро го знаат новинарките коишто вчера беа присутни на прес конференцијата.

Имено, едната од нив има неплатен долг за вода 11 години, должи десетици илјади денари, но не е исклучена од водоводната мрежа.

Според тоа, почитувани,

Со цел јавноста на биде објективно, точно и вистинито информирана бараме овој демант да биде објавен согласно закон, во целост и во време и со простор адекватен на објавената дезинформација на вашиот медиум.

Директорот Јанески инсистира денеска да биде гостин во централната информативна емисија на „Канал визија“ и во „живо“ да ги изнесе фактите и вистината што ќе го разобличи овој медиумски спин, за да не се доведува дел од јавноста во заблуди.

Гостување на вд директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, Емил Јанески, во централната информативна емисија на ТВ „Канал Визија“: