(ВИДЕО) ЈА ГИ ГЛЕЈТЕ ВОА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ НА ХИДРО МИЦКО ВО ПЕХЧЕВО БЕ ВМРОВЦИ, ВРЕДНИ 1 МИЛИОН ЕВРА!

0
2033

Ова зад мене е хидроцентралата во која свој удел имаат Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, десна рака, во тоа време, на Миле Јанакиески, Димитар Димовски. – рече денес на прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Ова почитувани граѓани може јасно да го видиме од оваа тековна состојба, на првата страна, каде што јасно стои дека еден од сопствениците на оваа хидроцентрала е Димитар Димовски.

На втората страна од тековната состојба, можеме јасно да видиме дека еден од сопствениците на хидроцентралите е и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски, почитувани граѓани е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година.

Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река.
Тоа почитувани граѓани може јасно да го видиме во Одлука, објавена во Службен Весник.

Во време кога Мицкоски бил советник за енергетика во Владата на Груевски, а Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски, нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала. Тоа е класичен судир на интереси.

Дополнителен сомнеж отвора фактот што фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, преку конзорциумот „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје по само два месеци од отворањето добива концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала.

Државната комисија за спречување на корупција треба да постапи по допрен глас и да го истражи ова основано сомнение за судир на интереси.

Како и на кој начин, токму Мицкоски и неговата компанија добиле бизнис со хидроцентрали?
Особено е важно да се утврди дали во овој случај постои судир на интереси, имајќи предвид дека двајца од сопствениците Мицкоски и Димовски биле високи државни службеници во време кога добиваат бизнис со хидроцентрали.
Почитувани граѓани, Христијан Мицкоски е продолжена рака на побегнатиот криминалец Никола Груевски, тоа на сите треба да ни е јасно.

Од овде ја повикувам и кандидатката Гордана Сиљановска да не молчи туку да каже став за овој случај на суди на интерес на нејзините поддржувачи, Мицкоски, Груевски и Димовски. – порачуваат од СДСМ.