(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ СИ ГИ ОДРАБОТУВА РУБЉИТЕ ОД ПУТИН: Зошто Димитров не ги избрка и агентите на ЦИА кои во Македонија ги има стотици?!

0
1521

Почитувани,

Деновиве вест број еден во Македонија е протерувањето на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија, поради две причини.

Првата причина е солидарност со Велика Британија која била нападната со хемиско оружје. Со ова Никола Димитров длабоко го навреди македонскиот народ бидејќи се солидаризира со Велика Британија која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, која сега се залага за промена на македонското име и идентитет, кантонизација според мапата Чарлс Гарет му ја покажал на претседателот Иванов во вилата на Водно. Очигледно дека Димитров целосно изгубил компасот, бидејќи Велика Британија ја нападна Македонија со хемиско оружје кога НАТО фрлаше бомби со ураниум при злосторничката агресија врз СР Југославија, а чии последици ги трпиме до денешно време со големиот број заболувања токму како резултат на ураниумот во бомбите на НАТО.

Втората причина е дека рускиот дипломат ја шпионирал Македонија. Со ова Димитров целосно ја понижи македонската тајна полиција, бидејќи станува збор за дипломат кој е во Македонија повеќе од десет години. Значи, откога Џес Бејли и Чарлс Гарет му наредија на Димитров да протера руски дипломат, замислете, во истиот момент нашата служба открила руски шпион во Македонија кој престојува тука повеќе од десет години.

Меѓутоа, најбитно е што Димитров шпионите ги бара на погрешна адреса. Еве ги фактите!

Република Македонија во првите години на независноста имаше каква-таква самостојна Служба за државна безбедност.

Некаде после 1995, ЦИА целосно завладеа со Македонија и нашата тајна полиција повеќе од 20 години е филијала на ЦИА и директорите на нашата служба ги поставува ЦИА.

Впрочем, така беше и со сегашниот директор на ДБК, кога лицето Дејвид Стивенсон од ЦИА и Џес Бејли му дадоа ливче на Заев со името на директор на нашата тајна полиција.

Американската амбасада е вистинското шпионско дувло каде во моментот има дури 80 агенти на ЦИА, а под нивна целосна контрола се и околу 1000 вработени агенти во македонската тајна полиција кои исто така се филијала на ЦИА.

Во американската амбасада има посебен разузнавачки центар во кој се сместени агентите на ЦИА, а кои во Македонија се камуфлирани во најразлични форми – културни, трговски, политички секретари и слично.

Бројот на шпионите на ЦИА во Македонија енормно се зголеми по префрлувањето на шпионскиот центар на ЦИА за регионот од Софија во Скопје.

Што е најтрагично, амбасадата на САД директно се меша во внатрешните работи на Македонија што е спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи.

По сето кажано, би било смешно да не е трагично дека  рускиот дипломат се занимавал со шпионажа, а во услови кога врие од шпиони во американската амбасада.

Патем, еве го списокот на руските дипломати во Скопје со јасна назнака кои функции ги вршат во Републка Македонија.

Нека повелат од американската амбасада да го објават списокот на вработени со назнака со што се занимаваат. Зошто американците ги кријат вработените во нивната амбасада, нели тоа се дипломатски претставници, па нема потреба да се кријат!

Како и да е, агенти кои ја шионираат Македонија, не се во руската туку во американслката амбасада,  што значи дека антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството на Димитров спрема Џес Бејли и Чарла Гарет, меѓутоа, македонскиот бугараш Димитров испуштил од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени!

Сепак, среќа во несреќа е тоа што зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта со изгубено национално чувство и корумпирани и купени од странски ментори.

Нашите руски пријатели добро знаат дека Македонија во моментот е окупирана земја и дека ова е одлука на окупаторот во содејство со домашни јаничари во власта.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Ви Благодарам,

                                                                                                                                         Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија