(ВИДЕО) Јанева му отиде на режимското копито Аневски и му порача: Немам обврска да ти образлагам зошто ги преземам „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ !

0
1325

katicanova1Специјалната обвинителка во кратката посета на Советот на обвинители од каде беше повикана неколку пати ги известила дека ја презема надлежноста за Маѓар Телеком и за Верушевски, пренесе А1он.мк

-Јас го известив Советот дека постапувам по законот за Специјалното јавно обвинителство за преземање во надлежност на предметите Маѓар Телеком и за Зоран Верушевски и Горан Верушевски. Јас ги известив дека немам обврска да присуствувам на нивните седници ниту да обрзлагам зошто ги преземам овие предмети. Во однос на автономијата на моето постапување се е јасно со Законот за јавно обвинителство, изјави Јанева по кратката посета на Советот на јавни обвинители.

Јанева не остана на седницата на која се бараше таа да одговара и на прашања кои не им биле јасни на обвинителите. За тоа од СЈО упатија неколку пати дека можат писмено да се обратат и ќе добијат одговор.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ