(ВИДЕО) ШОК од Брисел за Грујо преку Коцијанчич : ЕУ очекува „широко-базирана“ влада и целосна подршка за СЈО – ТОА ЗНАЧИ ЗАЕВ ЌЕ ТЕРА ЧЕТИРИ ГОДИШЕН МАНДАТ А МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СКАПИ ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО, КАТИЦА И СЈО ЌЕ МУ ПЛАЧАТ МАТЕР НА РЕЖИМОТ!!!

0
12044

Европската унија очекува формирање на „широко базирана“ влада и бара целосна подршка на Специјалото Јавно обвинителство, вели во изјава за 24 вести портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич.

Европската унија очекува брзо формирање на нова „широко-базирана“ влада и нејзина програма. продолжувањето на имплементацијата на Пржинскиот договор и итните реформски приоритети се суштински во овој поглед. Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител е интегрален дел од пржинскиот договор и мора да се обезбедат потребни услови и време за СЈО да ја комплетира важната работа“ – вели Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија за 24 вести
Слична порака претпладнево Коцијанчич испрати и преку државната новинска агенција, очекувајки брзо формирање на нова влада и спроведување на итните реформски приоритети.Итните реформи се производ на извештајот на групата експерти на чело со Рајнхард Прибе и истите се поделени во шест категории:
– Владеење на правото и судство
– Деполитизација на јавната администрација
– Изборна реформа
– Имплементација на препораките на анкетната комисија за собраниските инциденти од 24 декември
– и Медиуми и слобода на изразување
Дипломатски извори пред предвремените избори брифираат дека Европа од новиот владин состав очекува конкретна стратегија за остварување на итните реформски приоритети со точни рокови и листа на конкретни активности.

Извор : 24 вести