(ВИДЕО) ШОКАНТНО – СЕ ПОЈАВИ НА СУД ЦЕЛИОТ МОДАР: Едниот од обвинетите за шамари во Центар сакал да признае вина, па го претепале?!?!

0
1816

Со модринки на лицето, на денешното рочиште во Кривичен се појави Димче Крстев-еден од обвинетите во случајот  на СЈО „Шамари во Центар“ против кого се води одвоена судска постапка.Судот на почетокот на судењето, побара исклучување на јавноста, за потоа да ја повика и да ја соопшти дека на предлог на одбраната судењето се одложува поради лошата здравствена состојба на обвинетиот. Од видливите повреди, Крстев не можеше ни да зборува.

Неофицијално од МВР велат дека пред неколку дена Крстев пријавил дека бил нападнат од неколку непознати лица. Сепак, официјално, не се знае која е причината за нападот на Крстев, и дали тоа има било каква врска со судскиот процес во случајот „Шамари во Центар“, што се води против него. Од МВР пак се уште не потврдуваат.

При тоа, Крстев претходно се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема адвокат што ќе го застапува пред Судот и побара судењето да се одложи со образложение дека не се чувствува добро.

Освен Крстев, во овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

До сега вина признаа   четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски кои добија добија условни казни.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Извор : ТВ24