(ВИДЕО) ШОКАНТНО, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО УКИМ ГО ЧУВА ИМОТОТ ВРЕДЕН МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ: Салата во кампусот на УКИМ – дом на наркомани наместо на студенти и спортисти

0
862

Спортската сала во кампусот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје наместо свртилиште на студенти и спортисти е собиралиште на наркомани. Поради спор меѓу инвеститорот – владината Агенција за млади и спорт и фирмата-изведувач, објектот во кој се вложени два и пол милиони евра народни пари, пропаѓа. Згора на се, изведувачот ја добива Агенцијата на суд и пред неколку недели успева преку извршител да и наплати 810 илјади евра што го доведува во прашање функционирањето на оваа институција. Случајот очекува разврска на Врховен суд.