(ВИДЕО) ШОКАНТНО: ДИРЕКТОР ОД ДУИ СЕ ИЗЖИВУВА СО ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЛБАНСКИ АНСАМБЛ ЗАТОА ШТО ГЛАСАЛЕ ЗА СДСМ!

0
1120

Директорот на државната институција Албански Ансамбл се изживува и го загрозува здравјето на вработените во институцијата затоа што луѓето одбиле да гласаат за ДУИ на изборите туку гласале за СДСМ, дознава Мактел од вработени во ансамблот кои се плашат да излезат пред камера затоа што велат дека ќе го изгубат работното место.

Поради тоа што одбиле да гласаат за ДУИ, како одмазда сега директорот ги тера секој ден да патуваат од Скопје за Тетово и ги тера да вежбаат во затворена просторија 5 на 5 метри збиени еден до друг со што е загрозено нивното здравје во време на апидемија со Корона.

Тие сега вежбаат во Турскиот Театар во Тетово каде минатата недела имало 5 заразени со Корона.

Дознаваме дека директорот од ДУИ, Шкодран Толај ова го прави, само со музичарите од ансамблот, додека играорците кои гласале за ДУИ си вежбале на отворено, безбедно во скопски Сарај, без да се малтретираат да патуваат секој ден и без да им биде загрозено здравјето.

Го контактиравме вчера директорот Шкодран да ни даде изјава за овие наводи и жалби на вработените, но тој не ни одговори на нашите смс пораки до овој момент, понеделник 11.30 часот.

Освен што им е загрозено здравјето и што се тераат секој ден да патуваат два часа до Тетово и назад до Скопје, вработените се жалат и дека патот не им е платен па тоа им одзема дел од минималната плата со која се платени.

Тие исто така се жалат дека директорот ги третира како приватна музичка група која ја нуди на разни приватни субјекти како отворање на хотели на пример, а особено е изразено тоа што ансамблот се сметал за партиска соина на ДУИ па причината зошто толку силно вежбале во Тетово е што требало овие денови да настапат на голема партиска манифестација на ДУИ по повод некој од празниците на УЧК.