(ВИДЕО) Шилегов: Новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ е споменик над спомениците на криминалите на Груевски

0
903

„Оваа зграда, тврдина, како што ја нарече Груевски вчера, е споменик над спомениците на криминалите и криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Македонија тоне во сиромаштија, додека 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден, за оваа грамада од камен, замислениот султан Груевски, според достапните пресметки, употребил меѓу 15 и 30 милиони евра!

P.Shilegov-685x320

Нели слушнавме со каква притресеност Груевски ги буткал измените на деталните урбанистички планови?! Е па како што со нив крател од зеленилото на скопјани за своите милионски парцели на Водно, така и овде приграбил јавни површини за оваа зграда“, рече на денешната прес конференција, Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Корисната површина за зградата денес достигнува до 12.240 м2, над десетици пати повеќе од базичната, на сметка на јавното зеленило и пешачкиот простор. Зголемена е во “од“ и висината на планираниот објектот, од 25 на 29 метри.

Ако се тргне од тоа дека во општина Центар просечната цена на квадратот е над 1.200 евра, тоа значи дека за новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се дадени околу 15 милиони евра! Ако одиме по логиката на чинење на новоизградените згради од Скопје 2014 коишто чинат и по 3.000 евра за м2, тогаш зградата чини и над 35 милиони евра!

Од каде?

Финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ, за изборите во 2011-та година, покажа финансиска дупка на партијата од 3.500.000 евра, којашто Груевски никогаш не објасни како ја пополни.

Еве овој документ што го доставила ВМРО-ДПМНЕ до државниот ревизор, за донации во 2013 година, покажува дека партијата имала донации од 200.000 евра.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=cRkDb7so6hE[/youtube]

Но тоа е далеку до 15 милиони евра и уште подалеку до 35 милиони евра, нели?

Тоа значи дека се во игра кешови и црни пари со коишто ВМРО-ДПМНЕ рекетира, уценува, за коишто исто така и зборувавме и слушнавме во некои од снимките од прислушувањето. Ова сомневање го поткрепува и Ревизорскиот извештај од 2013 година што го објавивме, во којшто е “изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ“ како и за усогласеноста на финансиските трансакции на ВМРО-ДПМНЕ со законите. Да не се навраќаме уште поназад за парите во кеш што ги примала лично Јанкулоска како генерален секретар на партијата и од каде се почетоците на криминалната империја на Груевски и неговите помошници.

Груевски вчера од ова место призна немоќ да се справи со вистината и се обиде да го инволвира народот во неговото нечесно владеење. Никола Груевски се обиде да им се закани на граѓаните, со самите нив. Одлучил да побара интервенција од народот.

Интервенција од граѓаните веќе има и тие му велат на Груевски „Збогум“. Тоа едно. Друго, Никола Груевски повеќе не е во позиција нешто да бара. Сега тој народ, граѓаните, бараат. Бараат одговорност од него и од неговите соработници“, изјави Шилегов.