(ВИДЕО) Шилегов: Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници

0
1129

Изјава за медиуми на Петре Шилегов:

Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници.

Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените коиштоне сакаат да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.

Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ па упорно не сака да ги изгласа предложените измени на Законот за СЈО и Законот за заштитени сведоци?

Противењето на овие измени, како и неодамнешниот однос на пратениците кон специјалната јавна обвинителка покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака силно Специјално обвинителство кое до крај ќе ги расчисти истрагите што ги започна.

Со денешното гласање пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално станаа прикривачи и помагачи на криминаллот што го гони Специјалното јавно обвинителство.

Алиби гласањето на ДУИ и оваа политичка партија ја става во иста категорија со ВМРО-ДПМНЕ.

За целосно надминување на политичката криза мора да има правна разрешница во непристрасна и транспарентна постапка. Никој, без разлика на неговата партиска определеност, не смее да побегне од соочување со правдата.

Специјалното обвинителство е клучен дел за излез од политичката криза и токму затоа овие предлог измени се и повеќе од потребни.

Единствено неговото непречено функционирање може да стави крај на кризата, но и да го врати македонското општество на патот кон вистинските вредности.