(ВИДЕО) Шилегов: Во Теарце освоивме 170 гласови повеќе од изборите на 11 декември, СДСМ ќе ја состави новата влада

0
1243

Изјава за медиуми,

Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ6

Теарце, 25.12.2016

Добровечер,

Со гордост може да кажам дека граѓаните на Теарце се приклучија на остатокот на граѓаните на Република Македонија и вечерва гласаа за промени, гласаа за живот во Македонија без оглед на притисоците коишто беа присутни во изминативе неколку дена.

Излегоа храбро, достоинствено и кажаа дека е доста, дека и тие како и остатокот од Македонија бараме живот во оваа држава, одговорни институции, одговорна Влада, Влада која што ќе одговори на потребите на Република Македонија.

Од овде, од Теарце, ќе ја послушаме пораката којашто ја испратија теарчани, таа е иста како што ја пратија остатокот од граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека ќе има во Република Македонија одговорна Влада, Влада која што ќе ги воведе демократските промени во државата. Во Македонија ќе има Влада одговорна, институции кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните.

Во Македонија ќе има ново владино мнозинство.

Одговори на новинарски прашања:

П1: Господине Шилегов, со оглед на тоа што овој резултат не ги менува мандатите, дали тоа значи дека СДСМ веќе е во преговори со некои од партиите и дали има мнозинство во Собранието?

Кажав уште на почетокот на оваа мини кампања од 3 дена дека гласањето овде е повеќе симболично и не влијае во политичка смисла на зборот, на тоа кој ќе ја состави владата. Владата ќе ја предводи СДСМ.

П2: Дали имате веќе преговори со некоја партија?

Чекавме да заврши гласањето. На јавноста ќе и бидат соопштени нашите дополнителни чекори.

П3: Дали новите резултати ќе ги прифатите?

Она што знам е дека ова е последен пат со криминално подземни методи да се извитоперува волјата на граѓаните при гласањето, тоа е нешто што се случуваше во Теарце во изминативе денови.

П4: Вашиот политички противник веќе прогласи победа пред 20 минути.

Груевски рекол, Груевски порекол. Груевски рече дека ќе ги бојкотира изборите па гледате дека овдека масовно учествуваа и со поткуп и со закани и заплашувања. Зборот на Груевски во политиката веќе не значи ништо. Груевски во политиката е минато.

П5: Како ги сфаќате заканите за некоја политичка криза, за бојкот на институции, од страна на поранешниот премиер Никола Груевски?

Па мислам дека има желба да ја бојкотира работата на правосудните органи. Тоа е единствената негова желба и единствениот негов реален страв. Во Македонија нема политичка криза, во Македонија имаме криминална криза и криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

П6: А дали сметате дека вашето присуство овде на изборниот ден и претходно, влијаеше на некој начин излезноста да биде помала за 2 гласачи од претходно, од 11 декември?

За разлика од нашиот политички опонент, којшто се занимава со криминално подземни активности за време на изборите, ние транспарентно овде раководевме со работата на штабот за организирање на гласањето на ова избирачко место. СДСМ благодарејќи на храброста на граѓаните на Теарце оствари резултат којшто е за 170 гласови повисок отколку на гласањето на 11 декември.