(ВИДЕО) Шилегов: Во Теарце го поддржуваат Планот за просечна плата од 30.000 денари и развојот на домашните фирми

0
1274

Се наоѓаме во Лешок, општина Теарце. Денес разговараме со граѓаните на општина Теарце, за проблемите кои што ги мачат. И тие се исти и слични како секаде во нашата држава: мала плата, невработеност, иселување на младите. Овде сме да го соопштиме нашиот План за живот во Македонија. План кој што ќе овозможи вработување на младите, зголемување на просечната плата во Македонија до 2020-та во висина од 30.000 денари, а минималната плата на 16.000 денари, рече Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6.

– Овде сме да разговараме за нивното секојдневие., за бесправната сеча на шумите, за недостатокот на канализација во општина Теарце во дваесет и првиот век. Луѓето се жртви на неспособната државна и локална самоуправа која што не знае, не може, не сака да изготви потребна документација да дојдеме до евтини европски пари за решавање на овој сериозен проблем.

Во Македонија конечно мора да запре иселувањето на младите. Во Македонија мораме да ја придвижиме економијата. Овде сме да го соопштиме Планот за Македонија. Посетивме неколку од приватните погони кои што се пример за тоа како треба да изгледа македонската економија. И кои се тие фирми кои што ние ќе ги помагаме со државна помош од 140 милиони евра за четири годишниот мандат.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се обврзува дека минималната плата ќе изнесува 16.000 денари, а просечната плата 30.000 денари. Нашата цел е да го шириме Планот за живот во Македонија, луѓето да останат овде, да изградиме една демократска, современа, европска Република Македонија – рече Шилегов.