(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани

0
1269

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинската помош на настраданите граѓани. Заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите. Ваквите заклучоци, не се ништо друго освен покритие за нефункционирањето на институциите, неспособноста и бегањето од соочување со одговорноста, изјави денеска Патре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

Тој рече дека и во ваквите моменти на Никола Груевски најважен му е политичкиот маркетинг.

– Со овој начин на однесување ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потврдија дека немаат искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните. Наместо одговорност за нефункционирањето на институциите, наместо решавање на проблемите на граѓаните, клучен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се парите од криминалните тендери. Парите од Панорамското тркало, од спомениците, парите за задоволување на тендерските апетити на владејачката коалиција, мора да да се пренаменат за да им се помогне на граѓаните – рече Шилегов.

Тој додаде дека за СДСМ е неприфатливо ваквото однесување на власта.

– Активистите и волонтерите на СДСМ, заедно со сите добронамерни граѓани без разлика на партиската и етничка припадност ќе продолжат да им помагаат на граѓаните од погодените подрачја. Вистинското обештетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември оваа година – нагласи Шилегов.