(ВИДЕО) Шилегов: Веќе имаме пратеник плус, во „шестката“ очекуваме прегласување!

0
1891

На прашањето на денешната прес-конференциа до портпаролот на СДС; Петре Шилегов, на што точно се однесуваат осумте приговори до ДИК, за кои избирачки места и дали се сите во шестка, тој рече:
– Сите се во шестка, се однесуваат на неправилности во гласањето, класични законски примери за поништување на гласање на избирачки места, со вишок ливчиња во избирачки кутии. Дел се во Тетово, дел се во општина Теарце и веројатно свесни дека ќе дојде до поништување на гласањето, паничните во ВМРО ДПМНЕ ја имаа таа прес конференција и слушаме дека денес наводно ќе се собираат пред Државната изборна комисија, со цел да протестираат. Зошто протестираат навистина не знаеме.

Што очекувате од приговорите, какви резултати?
Ние секогаш одиме легалистички, доколку немаше простор да има приговори немаше ниту да бидат поднесени. Автоматски резултатите кои што ги очекуваме се токму тие, гласањето на тие избирачки места каде што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе приговори да биде повторено.
Не ја исклучувате намерата дека може еден пратеник да добиете повеќе?
Ние тој пратеник секако го имаме.
Две од три албански партии во емисијата Клик Плус кажаа дека се за повторни избори наскоро. Каков е ставот на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата?
Да ги почекаме конечните резултати, овие избори сѐ уште не се завршени.