(ВИДЕО) Шефилд Јунајтед со одличен старт, со гол на Ландстрам го совлада Кристал Палас

0
1932

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас за по две кола да имаат четири поени.

Човек на одлука беше 25-годишниот поранешен младински репрезентативец на Англија, Џон Ландстрам, кој со голот освен трите важни поени на „блејдс“ влезе во историјата и како првиот фудбалер кој постигнал гол во сите четири англиски лиги.

Ландстрам, кој доаѓа од школата на Евертон, претходно стрелаше за Јеовил таун (четврта лига), Оксфорд јунајтед (трета лига) и Шефилд јунајтед (втора лига и Премиер лига).