(ВИДЕО) Шекеринска: Разговорите продолжуваат, целта е што поскоро да добиеме Влада посветена на реформите!

0
1194

Изјава за медиуми,
Радмила Шекеринска,заменик претседателка на СДСМ
Скопје, 06.02.2017

Денеска имавме средба со претставниците на ДУИ на која што дискутиравме за актуелната ситуација во која што Иванов одлучи да не го почитува Уставот и да не го додели мандатот на втората по ред парлементарна партија. Сметаме дека овие средби и разговори ќе продолжат, дискусиите се водат во двете политички партии, но сметаме дека целта ни е заедничка. Македонија да излезе од оваа политичка криза, час поскоро да добие влада која ќе се посвети на реформите, на подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и шанса за сите да озбезбедат вистинска егзистенција во рамките на својата татковина. На сите овие теми ќе дискутираме следниот пат.