(ВИДЕО) Шекеринска: Притисок со измислени контра-обвинителни акти нема да успее‏

0
1275

Имавме официјален став дека очигледно власта мора да се пере од големиот срам коишто и беше нанесен, откако излезе на виделина злосторничкото здружување коешто го правеле со цел сите избори да го контролираат гласот на граѓаните.

Им требаше како што има протести и контра-протести, како што има невладини и контра-невладини организации, како што има здруженија и контра-здруженија, да направат и контра-обвинителни акти. Притисок постоеше години зад нас, тој притисок ќе продолжи, но тој притисок веќе нема шанси да успее.

Ако постоеа било какви индиции, или било какви елементи за криминал од опозиција која 10 години е во опозиција, досега многу луѓе одамна ќе беа во затвор.

Ова сега е само еден неуспешен обид да се става знак на еднаквост. Не сме исти. Од онаа страна се луѓе коишто сметаат дека гласот на македонските граѓани им е во џеб и дека со него можат да тргуваат, со него можат се’ да злоупотребат. Ние сметаме дека дојде времето кога македонските граѓани, треба да бидат оние коишто ќе одлучат каде ќе оди оваа земја“, одговори Радмила Шекеринска на новинарското прашање дали има коментар на неодамнешна ситуација во случајот со општинскиот штаб во Струмица, за можни изборни нерегуларности.