(ВИДЕО) Шекеринска: Истрагите ќе ги направи Специјалниот јавен обвинител

0
1398

Долгиот период на преговори заврши со потпишување политички договор што треба да овозможи после долго време граѓаните на Македониа да добијат фер и демократски избори, да ја вратат слободата, да ја вратат демократијата, рече Радмила Шекеринска заменик претседателка на СДСМ.

Izjava, R.Shekerinska

Меѓутоа, ова е само половина од работата, сега останува второто, поважното полувреме, она што е договорено да се спроведе и она што за нас е најважно во овој период, да се посветиме, на контакти не само со нашите членови и симпатизери туку со сите граѓани на Македонија.

Да ја испратиме пораката дека Македонија навистина може да биде подобра земја, дека Македонија може да биде земја во којашто луѓето ќе престанат да се плашат, дека Македонија може да биде земја од којашто младите нема да бегаат и ова е прва од таквите средби, ќе одиме во секоја општинска организација, ќе разговараме со нашите поддржувачи, најважно од `се ќе разговараме со сите граѓани и ќе им понудиме една сосема различна визија за тоа каде треба да се движи нашата држава.

Шеќеринска на новинарско прашање одговори дека денешната тема на работните групи беше посветена на изборниот закон и Избирачкиот список.

– Важна е темата. Знаеме на изборите што се случи и мислам дека многумина граѓани беа сведоци каков тип на злоупотреби, каков тип на криминали се случуваа за време на изборниот процес и ние цела година зборувавме дека изборите беа украдени, некои знаеа, некои не веруваа. Меѓутоа, кога излегоа снимките поврзани со проектот Вистината за Македонија што се однесуваа за изборите, видовме црно на бело практично што се ни се случувало. Фалсификувани лични карти, уцени, злоупотреби, купување гласови, најдиректно злоупотребување на егзистенцијата на граѓаните, само за да се обезбеди повеќе власт во рацете на една група луѓе. Сега бидејќи ги знаеме тие злоупотреби, сега задачата е да се смени законот, но и да се бара одговорност од сите оние кои го прекршија законот во минатото. Нема да биде доволно да додадеме членови во Изборниот законик, ќе биде клучно да покажеме дека оној кој ги крадел изборите мора да носи, не само политичка, туку и кривична одговорност. Тоа ќе биде крупната задача на идниот Специјален обвинител. Денешната работна средба се концентрирала околу овие прашања, на тие теми ќе продолжиме на преговори во понеделник, рече Шеќеринска.

Таа во однос на соопштенето на Јавното обвинителсто кажа дека утре СДСМ ќе има сериозна реакција.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=-8VD2yeAoOc[/youtube]

– Доволно е да го видите соопштението да сфатите дека ова обвинителство немало ниту теоретска намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали. Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чии криминал бил покажан со снимките, ама едно име многу чудно недостига, тоа е името на Никола Груевски. Кога се спомнеува за плацевите на Водно, барем тоа се решиле, се охрабриле да го кажат, излегува дека плацевите на Водно се анонимни, дека не знаеме кој ги бирал, кој одлучувал, кој барал да се усвојат урбанистички планови. Ако забележите уште нешто, ќе видите дека оние снимки со криминалот за изградбата на автопатиштата, каде што Груевски бара мито во износ меѓу 15 и 18 милиони евра, обинителството се плашело дури и да ги спомене. Има серија на такви примери коишто покажуваат дека обвинителстовото има една единствена задача – да бара алиби за тоа што нема да покрене вистински обвинение. Мислам дека денешното соопштение потврди колку важен беше тој дел од договорот постигнат на 15-ти јули, а тоа е дека Марко Зврлевски нема да има влијание врз истрагите. Ни треба Специјален обвинител кој ќе ја прочисти државава, кој ќе ја почне борбата со криминалот и кој ќе покаже дека нема функционер кој е над законот. Таа лекција треба да ја слушнат сегашните, таа лекција треба да ја чујат и сите идни министри, политичари, кој било во државата, рече Шеќеринска.