(ВИДЕО) Шекеринска: Државата ќе гарантира дека јаболката ќе бидат откупени и платени по гарантирана цена

0
1222

Преспа е целосно занемарена од актуелната власт. Додека милиони евра се трошеа на стиропор во Скопје, луѓето во Преспа беа оставени сами да се снаоѓаат. Главниот проблем во целиот преспански крај е откупот на јаболката. Главниот проблем беше недостикот и на финансиска помош, и од државата, но и отсуството на ред и шанса за сите во бизнисот со јаболката и покрај најавите, и покрај ветувањата сеуште низ Преспа се присутни огромни количини на јаболка којшто останаа непродадени, рече Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Оваа пролет Преспа ја зафати мраз и затоа количината на род на јаболка беше многу помал. Опозицијата предложи амадман во Собранието на Република Македонија, но власта заборави и не го реши овој проблем.

Дури и овогодишниот род, денеска дел од него скапува по нивите, скапува кај земјоделците, и оние којшто успеаа да ја продадат јаболката, суште чекаат од купувачите да ги платат.

Третиот проблем се разбира се субвенциите кој доцнат, а често пати и недоаѓаат до рацете на вистинските земјоделци, иако законскиот рок во 2015 година беше субвенциите практично да бидат завршени и исплатени до 30 јуни оваа години, за жал од многу земјоделци чувме дека тие пари сеуште не се стигнати до нив.

Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаа 10 години да ги решаваат овие проблеми, тоа не го сторија, тоа неможеа, несакаа и немаат намера тоа да го решат.

Ние имаме План којшто значат сериозни инвестиции во земјоделието, имаме план којшто значат 160 милиони евра субвенции на вистинските земјоделци, пари којшто ќе доаѓаат тогаш кога на земјоделците им се најпотребни кога почнуваат со вложувањата и кога мора да ја планираат својата работа за следната години.

Дополнително, државата ќе се вмеша и ќе гарантира дека откупеното јаболко мора да биде платено. Државата исто така ќе гарантира ред во откупот со купувачите и на тој начин ќе стави крај на злоупотребите на маката на земјоделците.

Дополнително, предвидуваме формирање на интервентен фонд во износ на 6 милиони евра, којшто ќе се искористи во случај на елементарни, природни непогоди, но и во случај кога продажната цена е пониска дури и од цената на производтво на земјоделските производи.

Во Ресен имаме план да поттикнеме и да обезбедиме инвестиција за снабдување и за лоцирање на капацитети за сместување на јаболката во износ на 40 илјади тони, на тој начин ќе обезбедиме секој земјоделец да ги продаде својата јаболка тогаш кога цената е добра, и да обезбеди тие да не скапуваат, ниту по нивите, ни по дворовите.

Имаме План за живот во Македонија, имаме план за земјоделије кое што ќе им даде достоинствен живот на сите којшто со него се занимаваат.