(ВИДЕО) ШЕКЕРИНСКА: Денеска сум со припадниците на Армијата во касарната во Кичево да честитам за беспрекорното извршување на задачите во справувањето со пандемијата

0
743

Армијата е подготвена да се соочи со секој предизвик! Затоа е Армија на НАТО, затоа станавме членка на Алијансата во најтешката година во светот. Ова е Армија на НАТО во која секој припадник има 16% повисока плата, секое цивилно лице има 28% повисока плата и сите имаат над 8.000 денари дополнителен приход за станарина.

За две години успеавме војникот што добивал 20 000 денари, сега да има над 30 000 денари плата, да добие нова опрема, а новите униформи ќе бидат распределени до секој војник до крајот на јуни. Тоа е мојот начин на работа. Се што е ветено е исполнето и секогаш кога може и повеќе од тоа. Државата и граѓаните го ценат вашиот труд и професионализам!