(ВИДЕО) Шахпаска : Во новиот мандат СДСМ обезбедува повисока социјална помош за 34.000 домаќинства, нови 777 социјални станови

0
811

Прес- конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обезбедуваат грижа и достоинствен живот за секој наш граѓанин.
Од општество во кое се газеше врз достоинството на луѓето, станавме општество во кое се помага и се грижи за сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и уживаат еднакви права.
Но, секогаш можеме уште повеќе, можеме уште подобро.
Во следниот четиригодишен мандат продолжуваме со уште поголема динамика и конкретни политики да се грижиме за оние на кои им е потребна помош.
До крајот на следниот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300%, ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.
До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 години.
10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.
Ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи.
На најранливите семејства мораме да им помогнеме, да имаат сигурен дом и затоа во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за најранливите семејства, но и за млади брачни парови.
Со новата програма, во 2021 година ги зголемуваме додатоците за сите права за попреченост за 15%.
Ја намалуваме границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години.
До 2024 година нема да има ниту една јавна институција без пристапна рампа на својот влез.
Обезбедуваме голема помош и поддршка и за највозрасните наши граѓани, за кои ќе отвориме три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип.
10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.
Грижата за работниците и унапредувањето на работничките права продолжува.
Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права.
Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства.
Минималната плата ја качуваме до 18.000 денари до крајот на мандатот, затоа што секој заслужува соодветно да му се цени трудот на работното место.
Почитувани,
Ова се само дел од мерките што ја потврдуваат нашата грижа за сите.
Градиме фер и праведно општество кое се темели на принципи и вредности и еднаква грижа.
Само такво општество може да води кон напредок, кон интеграција кон подобро утре за сите.