(ВИДЕО) ЦУК ПРЕДУПРЕДУВА : ОПАСНОСТ ОД РУШЕЊЕ НА ДЕЛ ОД БРАНА ЛИПА ВО НЕГОТИНСКО – СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ НА ТЕРЕН

0
738

Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, Стојанче Ангелов – директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), изврши увид на оштетената брана Липа во Неготинско, којашто протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот.

Прво, Ангелов оствари средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината и дописникот на МИА за тој регион, се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана истоимената оштетена брана.

По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи (СУК).