(ВИДЕО) Херој на денот: Уште еден пратеник на Сириза прозборе на македонски и објасни зошто е добар договорот за Македонците во Грција

0
2078

„Константинос Селцас беше меѓу најсреќните лица на денешната церемонија на потпишувањето на договорот. Тој е етнички Македонец од Лерин, кој е пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас. За Дојче веле раскажува дека долги години го чекал овој момент.

„Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ“, вели Селцас.

Нѐ изненади со течниот македонски кој го зборуваше, но и со отвореното тврдење дека е етнички Македонец.

„Да, јас сум Македонец и тоа не го кријам ниту во парламентот“, вели Селцас.“