(ВИДЕО) ХАХА, ЕФТОВ СЕ ПРЕТЕРА СО НОВИНАРСТВОТО: МАКЕДОНСКИТЕ ОЛИГАРСИ НЕ ГИ УКРАДОА ФАБРИКИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈАТА ТУКУ БЕА ЗАМОЛЕНИ ДА СЕ ЖРТВУВААТ И ДА ГИ СПАСАТ ОД ПРОПАСТ?!

0
1192

– Македонските олигарси не ги украдоа фабриките во транзицијата како што се мисли, туку беа замолени да се жртвуваат и со голема мака ги спасија фабриките од пропаст…

Ефтов забега во последната своја емисија. Тој покажува дека е во лигата на големата новинарска петорка на најголеми новинарски манипулатори заедно со Миленко, Мирка, Латас, Геро… Тој самиот се пофали дека бил во иста канцеларија со Мирка во Вечер со години…

Инаку да тврдиш дека некој се жртвувал така што од обично директорче кое на работа идело со некоја пезетка и живеел во барака или во станче пуварник и преку ноќ станале мултимилионери со дворци на Водно со капитал од десетици милиони евра, од нив да правиш маченици, тоа е смешно… Иако тие се дефинитивно способни луѓе и делат плати и плаќаат даноци и без нив македонската економија ќе пропадне, но сепак не се тоа маченици, тоа се среќници кои се најдоа во право време на право место, еднаш во милениумот се јавува таква моѓност да се смени економски систем и некој да ти даде на подарок цела фабрика со капитал од 10 милиона или повеќе десетици милиони евра, такво нешто имало само во Америка со златната треска кога луѓето во Калифорнија оделе да копаат злато и се враќале дома со вреќи злато или во Тексас кога се тркале со коњи доселениците за да добијат бесплатно иљадници хектари земја со иљадници крави кои бесплатно се акале по прериите во Тексас и требало само да купиш ограда и да ги затвориш во трло и да ги набодеш во газот со ужежен метал со твоето име и да ги обележиш и после со робови црнци да садиш памук и да млатиш милиони…